Природата на нештата ги поврзува политичките партии, станува збор за центар десни и конзервативни политички партии, логично е дека и идеолошки, но и на ниво на политичка програма има сериозен простор за соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, рече претседателот Христијан Мицкоски денеска во вестите на Алфа.
Вчера имавме прекрасен панел организиран од страна на фондацијата „Конрад Аденауер“ кој што е наш стратешки партнер како ВМРО-ДПМНЕ, а во иднина ќе бидат организирани други вакви настани, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за вестите на телевизија Алфа.
Мицкоски додаде дека многу важен сегмент за да се изгради партнерство особено политичко е довербата.
Мислам дека довербата почнува да се гради и тоа на едно сериозно високо ниво, очекувам дека во следните вакви настани таа доверба само ќе се зголемува. И очекувам да отидам и чекор понапред од она што го кажав вчера, а тоа е да кулминира со една заедничка коалиција пред одржувањето на локалните избори и заедничка поддршка на кандидатите за градоначалници, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.