Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во Горно Лисиче во црквата „Свети Петар и Павле“ за да ги поздрави коњаниците кои учестуваат на традиционалниот Илинденски марш.

Според традицијата, на коњаниците им беше предадено општинското знаме, со што официјално стартуваше 41-от традиционален коњички марш во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978″.

Коњаниците со себе ја понесоа пораката дека Илинденското востание го означува почетокот на новата фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ.

„Споменот за Илинденците е жив, тлее и се негува. Се додека има луѓе на кои срцето им трепери за нашата земја, Македонија ќе постои. Среќен пат за коњаниците од Илинденскиот марш. Знам дека вашиот мотив за сето ова е поголем од сè друго, зошто на крајот и почетокот на се е нашата Македонија!, напиша на фејсбук Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.