Додека трае споменот за Илинден ќе трае и Македонија, зошто Илинден е нашата епска битка, нашето македонско верују, нашата библија, и нашиот крст кој ние со исклучителен пиетет го прифаќаме и носиме. Двата Илиндена не беа создадени за да не успееме, туку за да живее идејата која донесе слобода, а слободата денес е платена со крв, пот, солзи и многу животи. Ете толку е скапо она што ни го донесоа двата Илиндена и толку е голема нашата обврска да успееме, рече Мицкоски во обраќањето во Ташмаруншта, каде што традиционално го прославува Илинден.
Тој истакна дека ова се најтешките години од независноста до денес.
Знам дека ова време се најтешките години од независноста до денес, но сетете се колку им било тешко на грамадните Илинденци да кренат востание против најголемата империја, и асномците да се борат против дотогаш најголемата воена сила. Голораки, против најголемите, но со срце пламено, со храброст грамадна, рече Мицкоски.
Додаде дека Илинден е на сите и затоа Македонија мора да биде земја за сите.
И затоа мораме да успееме како земја и не смееме да се задоволуваме со просечни работи, а во ова тешко време просечноста ни изгледа добра, бидејќи си имаме работа со најлошите, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.