Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ и Зоран Заев, претседател на Владата вечерва ќе се соочат на „Канал 5“ во тв-дуел кој почнува во 18,30 часот. Заев ја прифати поканата од Мицкоски за тв-соочување.

За вистинската вистина, отворено за проблемите на граѓаните, за заевизмот кој ја тоне Македонија, за честа и достоинството која власта сака да го одземе, за неправдите кои ги донесоа, за иднината на нашата земја. Следете ме на ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија во 18:30 часот, објави Мицкоски на фејсбук.

Во време на демократија и слобода, власта и опозицијата треба да даваат јасни одговори пред граѓаните и да ги судрат своите идеи и аргументи.

Имаме одговорност да бидеме реални и да работиме за доброто на сите граѓани на нашата земја.

Секој од нас треба да им ги соопшти на граѓаните своите планови за напредокот и своите ставови за најтешките прашања, доколку ги има.

По тој повод, следете го политичкиот дуел вечерва со мене и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на Канал 5 во 18.30 часот, напиша Заев на фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.