Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во општина Аеродром потенцираше дека со Зоран Заев, Македонија е се подалеку од Европската Унија, бидејќи како што рече тој во Европската унија не сакаат да седат на иста маса со Заев и врз себе да си го лепат неговиот криминал, афери и скандали.

И кога Заев ќе каже дека Европска Унија ќе ја донел во Македонија народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува 52 месеци откако е власт во Македонија и толку време ЕУ е се подалеку од Македонија. Одговорот зошто и во ЕУ не сакаат да седат на иста маса со Заев и врз себе да си го лепат неговиот криминал, неговите афери и неговите скандали, вели Мицкоски.

И тоа што Заев потпишува се што ќе му се стави на маса, па на шега велат дека кога во владата ќе му донесат и дневен весник, и него го попишува, не е никаква храброст, туку недостиг на достоинство, мудрост и желба за крадење која е поголема од чувството да се брани државата и иднината на овој народ, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.