Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот Христијан Мицкоски. Со аргументи докажаа дека во вакви услови на пандемија здравјето треба да биде на прво место и оти сега најмалку треба да се мисли на попис.
Налудничаво ќе беше кога секојдневно имаме по најмалку 20 починати и 1000 заразени да се тера попишување. Згора на тоа попишувачите нема да беа вакцинирани или ќе имаа само делумна имунизација со по една доза што воопшто не обезбедува сигурност.
Никој не можеше да биде сигурен дали позитивен попишувач ќе влезеше во нивниот дом и оти немаше да го зарази семејството.
Од друга страна Заев и СДСМ сега мораат да признаат дека попис нема да има иако до вчера тврдеа дека тој е веќе започнат и оти нема одложување.ВМРО-ДПМНЕ пак спаси илјадници граѓани од смрт и тоа е најважно.
Сега до септември има време да се донесе нов, квалитетен закон од кој ќе бидат остранети сите небулози и зад него да застанат сите партии.Само така ќе имаме доверлив и кредибилен попис во чии податоци сите ќе веруваат и ќе ги почитуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.