Поголем дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски тргнаа кон вилата Водно за да го прашааат претседателот Пендаровски за арументите со кои му го додели манндатот на Зоран Заев. Мицкоски смета дека тоа е противуставно и оти од шефот на државата сакаат лично да им објасени.

Затоа во името на повеќе од 315.000 граѓани кои го дадоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За обнова на Македонија“, како и во името на другите кои не се согласуваат со ваквото кршење на Уставот во 15:30 часот со пратениците дел од пратеничката група ќе дојдеме пред канцеларијата на претседателот на Водно при што бараме итна и неодложна средба на која што ќе објасни врз основа на кој доказ го убедил пратеникот Зоран Заев дека поседува мнозинство и му го доделува мандатот. Очекувам средба на која ќе се разговара конкретно и без одлагања, не смееме да премолчуваме на кршењето на правото и подривање на правната држава – објасни Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.