Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, денеска се сретнаа со шефот на делегацијата на ЕУ во Mакедонија, Самуел Жбогар.

На својот фејсбук профил, Мискоски напиша:

Заедно со потпретседателот Александар Николоски остваривме средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел Жбогар.

Разговаравме за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформите кои се поврзани со обвинителството и потребата за фер услови за демократски избори. Искажавме загриженост за политизираноста на правосудниот систем, кој како што беше нотирано, служи за политички прогон на неистомислениците на власта.

Го запознав со принципите кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во амандманите на Предлог Законот за јавно обвинителство, а кои се базираат на меѓународните стандарди, кои ги гарантираат основните човекови права, кои се морална обврска за државата во патот кон ЕУ.

Беше укажано и на крајната политизација на општеството и поделбата која ја прави власта. Воедно беа нотирани и однесувања на власта со кои се нарушува демократскиот амбиент за фер избори, дека е присутна нервоза во власта и дека тоа нема да ги поколеба граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.