Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил информираше дека заедно со Александар Николоски се сретнале со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, г-ѓа Рејчел Галовеј.

Заедно со потпретседателот Александар Николоски, денеска остваривме средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, г-ѓа Рејчел Галовеј.

На средбата разговаравме за актуелните случувања по што посочив дека Македонија стана земја каде навистина тешко се живее, за жал ветувањата за развојна економија на власта резултираа со економско дно за граѓаните.

Начинот на кој власта и институциите се справуваат со големиот степен на корупција во земјава која ги коси сите меѓународни стандарди, како што се скандалите поврзани со издавањето на македонски пасоши на криминални картели, како и потопеноста во криминалните дејствувања на одредени функционери од власта и недоволниот број на суштински реформи е само тапкање во место на меѓународната интеграција на земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.