Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска се сретнаа со претседателката на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија, Дорис Пак и Јоханес Реј, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија.
Како што сооптшија од партијата, на средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, претстојните предвремени парламентарни избори и соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија како и со Фондацијата „Кондрад Аденауер“.
Мицкоски истакна дека во Македонија постои голем проблем со високата корупција, проблем за кој оваа власт не нуди решение. Напротив голем број високи партиски и државни функционери од актуелната власт на СДСМ се вмешани во корупциски скандали за кои до ден денес нема правен епилог. На овој начин власта ја загрозува македонската европска перспектива и дава аргумент повеќе на противниците на проширувањето на Европската Унија во Брисел.
На средбата се разговараше и за предвремените парламентарни избори во Македонија и размена на знаење и искуства на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во пресрет на истите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија стратешка цел и определба е членството во Европската Унија.
Соговорниците се согласија дека одличната соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и сестринските партии од Европската народна партија како и со Фондацијата „Конрад Аденауер“ и натаму треба да се продлабочува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.