Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски со семејствата го дочека најголемиот христијански празник Велигден во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

Тие присуствуваа на вечерната литургија и го дочекаа Христовото воскресение.

Претходно, во текот на денот Мицкоски упати велигденска честитка до сите православни христијани.

Дозволете ми во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници да им го честитам празникот Воскресение Христово, Велигден. На најголемиот христијански празник посакувам многу здравје, благодет, среќа и љубов. Потребно ни е обединување во моментите кога граѓаните живеат во неизвесност, несигурност и поделби, потребна е надеж во овие тешки моменти на разочараност, апатија и неизвесност. А тоа можеме да го постигнеме доколку бидеме гласни и се бориме за нашите ставови и заедничка иднина.

Овој празник испраќа пораки на сплотеност, пожртвуваност, добрина и праведност. Христос Спасителот пострада за нашето спасение, и овој ден и сите останати да ги минуваме со добра мисла, заедништво и подадена рака. Ви посакувам прекрасни празнични денови, проследени со многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и мир во вашите домови, на вам и на вашите ближни. Нека е за многу години Велигден. Христос Воскресна! Навистина Воскресна!, пишува Мицкоски во својата честитка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.