Денеска во 16 часот ќе се сретнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ Али Ахмети во македонското собрание, јави Канал 5.
На средбата ќе се разговара за актуелната состојба, политичката криза, недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ, застојот во евро интеграциите , како и за потребата од предвремени парламентарни избори.
Во веста не се спомнува темата предвремени избори но јавна тајна е дека ДУИ би сакала политичката криза да се затвори со предвремени избори на кои партијата на Ахмети според рејтинзите на анкетите повторно ќе биде убедлив победник во албанскиот блок.
Во меѓувреме за утре од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат пресконференција на лидерот Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.