Прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ информира дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е во посета на Берлин и високиот дијалот кој го организита фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг и десничарската германска сестринска партија ЦДУ, остварил билатерална средба со Јан Хекер, советник за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, на која се разговарало за актуелната политичко-економска состојба во Македонија и за европските интеграции на земјава.
Во едночасовната средба Мицкоски го информирал Хекер дека оваа власт на Заев со ниското ниво на реализација на проекти, отсуство на реформи во клучните области, криминалот и корупцијата не направла поместување кое ќе обезбеди сигурен датум за преговори.
Мицкоски истакнал дека поради неспособноста за менаџирање на односите и клучните процеси од страна на неодговорната Влада на Заев, не треба да бидат казнети граѓаните и во насока на потикнување на европскиот оптимизам како и зацврстување на европската иднина на Република Македонија треба да ѝ се додели датум за преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.