Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска беше во посета на Штип каде оствари работна посета на штипска компанија која се занимава со производство на мебел, а потоа оствари средба со граѓаните на населбите Баби и Леваци.
При посетата на фабриката, Мицкоски посочи дека законите во Македонија не важат за сите подеднакво, а власта ја користи секоја прилика за бизнисмените да се потчинат на политичките интереси. Притоа констатирајќи дека е забележлив е и недостатокот на добрата бизнис клима како резултат на високите даноци и бирократијата, но и поради високото ниво на државна корупција и криминал.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека економијата во ниеден случај не смее да биде во функција на политиката, туку да работи и да се развива слободно креирајќи додадена вредност во државата.
Можам да кажам дека економскиот развој и поддршката на домашните компании ќе ни биде еден од главните приоритети, истакна тој.
Во разговор со граѓаните, тој потенцираше дека и овде граѓаните како низ цела Македонија се жртви на Заевизмот кој ја влече државата надоле. Со оваа влада Македонија тоне и нема ништо од напредокот кој го ветуваат и се уште лажат дека ќе го остварат, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека власта ќе биде жестоко казнета на овие избори за сите неправди и злодела и народот ќе се определи за правда и правна држава, за претседателка која ќе биде гласот на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.