Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во дневникот на Сител ТВ истакна дека додека сите околу Македонија се вакцинираат, нашата Влада доцни со набавката на вакцини.
Како што потенцира Мицкоски, поради таквата неспособност на власта се губат човечки животи, наместо што побрзо да бидат спасени.
Сите околу нас веќе се вакцинираат, јас сакам да се вакцинирам, а немам како. Има луѓе кои не сакаат да се вкацинираат и ги почитувам, затоа што имаат свој став, но јас сум од тие што сакаат да се вакцинираат. Вакцините ни требаат сега, во јануари, февруари, март за тие што сакаат да се вакцинираат, а не во декември кога ќе бидат со изминат рок – истакна Мицкоски.
Во однос на оправдувањата на власта дека се чекало на КОВАКС механизмот или на помош од ЕУ членки, Мицкоски прашува зошто тогаш само Македонија чека, додека сите други се вакцинираат
Зошто не чека Рама, зошто не чека Вучиќ, зошто не чекаат Борисов, Хоти, Мицотакис, до кога само ние ќе чекаме. Само ние чекаме, а сите се вакцинираат – потенцира Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека покрај вакцинација против корона вирус потребна е и вакцинација против сезонски грип, нешто што речиси и да го нема, а факт е дека и таа болест се уште постои и дека и од неа се губат животи.
Уште за време за кампањата за време за предвремените парламентарни избори апелирав, најпрвин дека е потребно да се обезбедат вакцини за сезонскиот грип. Мене навистина ме вознемирува што никој повеќе не ја поставува таа тема, затоа што не е саммо Ковид, имаме и сограѓани кои страдаат од сеознски грип и ги губат животите од него. Ние немаме такви вакцини, односно ако била таа за 100 илјади жители сега не е ни за 10 илјади. Ајде со бројки да зборуваме – изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.