ВМРО го порази секаде СДСМ, рече вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Отворено“ на 24 телевизија.

ВМРО-ДПМНЕ го порази СДСМ и нивната коалиција на власт, Доколку ова беа локални избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 47 градоначалници. Граѓаните не потклекнаа на лагите на власта. Граѓаните не дозволија да бидат излажани на овие избори. Обидите за поткревање на очекувањата, тиа ја препознаа вистината. Сомнително е што на овие избори на некои избирачки места имаше неверојатен скок на излезеноста од над 50 проценти. овие брзи гласачи беа присутни и за референдумот. Голем дел од општините каде очекувавме да има нерегуларности и во тие избирачки места на крај стигнаа резултатите, но на тие изборни места излезеноста е поголема од 50%. Самите гледачи нека одлучат дали таму имало нерегуларности, рече Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.