Под покровителство на германската фондација „Конрад Аденауер“  во Скопје се одржа конференцијта „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава пред тркалезната маса за ВМРО-ДПМНЕ претставува посебен момент покрај коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива да присуствуваат и претставници од сестринската партија од Албанија, Демократската партија, на чело со Љуљзим Баша.

Како десничарски  конзервативни партии, сестрински партии во рамките на Европската народна партија, заедно со нашите пријатели  овдека во Македонија тоа е Алијансата на Албанците и Алтернатива можеме и те како да придонесеме во иднина за брз напредок на нашата држава во рамките на евроинтеграции, спроведување на реформскиот процес се разбира и практично на македонските граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност и различните мислења. Она што нас не обединува е десната конзервативна идеологија, но и реформите. Истовремено би сакал да ги нагласам и борбата против корупцијата и криминалот кои што не само во нашата држава, не само во Македонија таа и те како зема сериозен замав и размер кај нашиот западен сосед во Албанија. Веруваме дека како сестрински партии, како десни конзервативни партии можеме и те како овој процес да го акцелерираме и Македонија заедно со Албанија се разбира и Косово да бидат што поскоро дел од Обединетото Европско семејство, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.