Кога господинот Заев ја зборуваше вистината, минатата година кога не убедуваше дека сме ја добиле препораката за отпочнување на преговори или оваа година кога ја чекаме. Минатата година кога потрошивме пари славејќи на плоштадите во Република Македонија дата за отпочнување на преговори или сега кога сме во исчекување – го запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски премиерот Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел кој се емитува на Канал 5 телевизија.
Мицкоски истакна дека токму за време на негово гостување во „Само вистина“ пристигнала информацијата дека Македонија не ја добила препораката туку наративот во извештајот на ЕК работата не била баш како што Заев ја пренел на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.