Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за утре закажа состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Состанокот доаѓа откако минатата недела во Собранието пропадна обидот да се изгласа недоверба на Владата на Зоран Заев.

Се очекува да се разговара за следните политички чекори во однос на барањето за брзи предвремени парламентарни избори, како и целокупната политичка ситуација во земјава во ситуација кога во Законодавниот дом никој нема мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.