Бев во Бразда, Чучер Сандево. Граѓаните се незадоволни. Со оваа влада нема ниту е, од економија, ниту р, од реформи. Зголемија даноци, зголемија акцизи на горива и поскапеа бензини. На пензионерите им укинаа зголемување на пензии, и нема нови покачувања. За две години ниту плати покачија ниту пензии зголемија. А Странските инвестиции чиста нула. Нема фабрика која ја отворија, нема камен темелник кој го удрија. Кажуваат некои бројки на странски фабрики кои се отворија, а не ги кажува имињата. Еве го повикувам Заев нека каже кои фабрики ги отворија, по име точно да каже? Нема такви. Една голема нула имаме во економијата. А земјоделието е посебна приказна. На земјоделието му се случи вистински погром, Заевизам му се случи. Трудот не им се исплаќа на земјоделците. Субвенциите доцнат, зелена нафта нема. Е вака нема во Европа, напиша денеска на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.