Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Дневникот на Сител телевизија го повика премиерот Зоран Заев на средба, затоа што како што истакна, државата и граѓаните се во грч, а се очекува сериозност и консензус за важните прашања.
Го повикувам Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници во ден и време кога тој ќе избере, стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време онака како што нему му одговара, да разговараме за сите оние проблеми коишто се од животно значење за граѓаните, од кризата од пандемијата, до работата на парламентот, за се што е денес отворено, а нерешено, а стои на маса – повика Мицкоски.
Тој изјави дека се надева дека со тоа ќе може да се постигне некаков консензус за случувањата, како и тоа дека е подготвен да разговара на секоја тема, и за пописот, и за пандемијата, и за економијата, и за блокираните евроинтеграции и за широки или концентрациони влади, за национален спас, затоа што граѓаните очекуваат да се постигне консензус за важните прашања, а состојбата е на раб на издржливост.
Дополнително Мицкоски порача дека за ова фијасно не може никој да не поднесе одговорност.
Одговорност мора да има, затоа што впрочем на тој начин се остава лош пример дека власта не чувствува вина за она што се случува, дека некој друг е крив, но тоа не е така. Вие како министер или премиер ако вашите обврски не ги исполните, а само уживате во вашите привилегии, тогаш тоа е лицемерно, дезертерството и неспособноста не чини човечки животи – истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.