ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена за избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена жестоко да го порази СДСМ и Заев тоа е евидентно веќе, без разлика дали се редовни или предвремени избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски укажувајќи дека е подобро да има предвремени избори.
Мицкоски укажа дека се гледа крајот на Заев.
Се надевам дека граѓаните на следните избори ќе му дадат отказ на Зоран Заев. Она што загрижува во целата рашомонијада премиер и министер е што никој не му кажал дека е спротивно, a еден од првите соработници на Заев е професор на Правниот факултет. Ме разочарала таа личност професор е на Правен факултет. Требаше да му кажат „што правиш“. Од друга страна, ми велат намерно го оставија да се изгори. Замислете го амбиентот на „Илинденска“ број 2, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека откако граѓаните ќе му дадат отказ на Заев, тој ќе го потсети на членот од КЗ 353.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.