Нема ниту еден универзитет ниту во 1000-те најдобри во светот, имаме капитални инвестиции од мизерни 24.5 осто, а трошењето од буџетот не е да се обезбеди развој, туку да се купи социјален мир, за да нема тензии. Затоа ќе слушнете најави за поголеми плати, повеќе пари, тоа се плаќа од тековните пари, а пари за нов развој нема.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Штип им упати поддршка на просветните работници, кои за првиот училиштен ден најавија улица наместо училница. штрајкот ќе биде предупредувачки и ќе се одржи само на 2 септември.
Тука целосна поддршка сакам да изразам на просветните работници кои се борат за своите права. Јас сум професор, мојата сопруга е во просветната дејност и добро, многу добро знам какви предизвици и со какви тешкотии се соочува македонското образование. Овде борбата е за основни работи, а за развој да не зборуваме. Затоа ги поддржувам нивните барања и нивната борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.