Дозволете ми, од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да го честитам денот на Армијата на Република Македонија, на сите припадници на вооружените сили, но и на сите граѓани на Македонија.
На денешен ден, пред 77 години на Славеј планина, во славна Дебарца е формиран баталјонот “Мирце Ацев” , кој е почетокот на македонското организирано војничко делување во Втората светска војна, кога македонските Партизани, народ и држава, застанаа на страната на Сојузниците против најголемото зло на 20-тиот век – фашизмот.
Луѓето кои пред 77 години, во виорот на фашизмот не се исплашија и го кренаа својот глас, се нашите херои и луѓето на кои им ја должиме слободата денес, тие се децата и внуците на Илинденците, и тие пред нив, кои се бореа за Македонија.
Тие стотина луѓе тогаш имаа огромна храброст, а од нивната храброст произлезе државноста. Таа храброст е доказ дека фундаментот е пожртвуваноста и посветеноста кон татковината, а таквата посветеност е потребна и денес кога државата се соочува со големи премрежја и предизвици. Да се потсетиме на нивната пожртвуваност, но и да се погрижиме да не биде залудна. Мора да изградиме држава на среќни и задоволни граѓани.
Вие, припадниците на АРМ, денес сте луѓето на чиј грб почива државноста и бидете горди на тоа. Честит ден АРМ, пишува Мицкоски во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.