Аферата за која што зборува ВМРО-ДПМНЕ деновиве, а во која се вклучени кандидати за градоначалници на СДСМ, за Скопје и за Карпош, беше тема што ја отвори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуелот со премиерот Заев. Мицкоски ја понуди како прмер оваа афера на констатацијата на премиерот дека конечно во Македонија има независно судство и обвинителство кое се бори со корупцијата.

Изработена делница за реконструкција на водовод неколку месеци пред да се потпише договорот со изведувачот. Ќе го охрабрите ли обвинителството како што го охрабривте за Луј Витон чантата да покрене истрага за оваа коруптивна афера, бидејќи законот важи за сите, праша Мицкоски.

Заев рече дека обвинителот и истражителот се должни да донесат еднакво одлука за секој без разлика на позицијата и блискоста со власта.

Треба да доставите докази, зашто тоа што зборувате не е вистина, рече Заев.

Утре е биде доставена кривична пријава за злоупотреба на службена должност за директорот на ЈП Водовод, и тоа е само почеток. Деновиве ќе доставиме кривични пријави и ќе објавуваме коруптивни скандали за другите, рече Мицкоски, а Заев повтори дека не верува во вистинитоста на зборовите на Мицкоски.

Во текот на соочувањето на тема корупција, Заев рече дека 11 години во државава беше воспоставен систем на криминал и корупција, а денес владее комплетна слобода и демокртија.

Граѓаните денес може да зборуваат слободно за се. Вистината е една – денеска има отворени кампањи, секој е еднаков пред законот, нема некој што е поштеден зашто е близок до власта, секој одговара, има јасно воспоставено незвисно судтсво. Вкупно 16 судии се разрешни од Судскиот совет, се гонат сите што не делат правда, се гонат сите по допрен глас и ако има докази, има јасна антикорупциска политика. Продолжуваме со нашата борба, почнавме и кампања, сега ги вградуваме алатките и на локално ниво за да ја подигнеме свесноста на граѓаните, а побаравме помош и од меѓународните институции, истакна Заев.

На тоа Мицкоски рече дека сака да зборува само со бројки и ги изнесе последните неколку извештаи на Транспаренси интернешнал.

Тоа е реалноста. Се останато е филозофија и бркање магла. Затоа сме на дното по бројот на инвестици и по починати од КОВИД, царува криминал и коруција, според „Економист“ втора година по ред сме хибриден режим. Тоа е вашата заслуга, рече Мицкоски.

Заев врати дека граѓаните не се со слабо памтење и дека тоа што го зборува Мицкоски е за периодф од четири години што не може да се спореди со 11, време кога владееше ВМРО-ДПМНЕ.

Ние не бегаме од резултати, сакаме да се соочиме и да се справиме со нив. Ги прифаќаме бројките, но и работиме на тоа да ги намалиме. Ни дома не можете да го објасните тоа во што сакате да ги убедите граѓаните – дека помала била корупцијата за време на ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.