Во вечерашната дебатна емисија “Што не е јасно?” на Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој се осврна на моменталната политичка ситуација, одржаните предвремени парламентарни избори, како и за очекувањата по изборите и можните коалицирања и обезбедувањето парламентарно мнозинство,
Мицкоски потенцираше дека политичката кампања која што се водела непосредно пред одржувањето на изборите, била крајно корумпирана, недемократска и криминална. Според Мицкоски доказ за тоа се поткупот и уцените кои кои што беа забележани од полициски службеници, односно бројни случаи кои што се заведени во билтенот на МВР.
“Изборите за жал не беа ниту фер, ниту демократски. И уште пожално е што главни иницијатори на таквите избори беа поголемиот дел на градоначалници на од страна на СДСМ кои директно учествуваа во поткупот, уцените и заканите кон граѓаните. Се делеа пари на рака, се делеа т.н социјални пакети, се асфалтираа улички спротивно на законот и уште голем број прекршоци кои што ја нарушија изборната кампања. ВМРО-ДПМНЕ влезе голорако во оваа битка, со цел да се заштити македонскиот народ и државата, наспроти криминалци, рекетари и луѓе кои што учествуваа во нечистите игри”, вели Мицкоски.
Мицкоски вели дека во голем дел од општини во Република Македонија е забележан поткуп, односно истиот е санкциониран онаму каде што е фатен на дело, но бидејќи поткупувањето трае со месеци наназад, едноставно е невозможно да се следи таквиот начин на уценување на граѓаните. Голем број на граѓани биле предмет на уцени по однос на нивните работни места, користењето на одредени субвенции, како и предмет на директни физички закани како од одредени лица, така и од градоначалниците, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.