Во рамки на посетата на Брисел на Политичкото собрание на Европската народна партија делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Микоски, во која беа и потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна политика Тимчо Муцунски на соговорниците од Европа им ја пренесена загриженоста на граѓаните од порастот на криминалот во земјата.
Ја искористив можноста да се сретнам со голем број европарламентарци од сестринските партии. Разговаравме за актуелните политички случувања во Република Македонија. Разговарав и со двајца од тројцата известувачи за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл и Милан Кукан. Исто така, имав можност да разговарам и со потпретседателот на ЕНП, Давид Мекалистер, кој е и претседавач со Комитетот за меѓународна политика при ЕП. Со претседателот на ЕНП Жозеф Дол имав исклучително корисен состанок, кој по состанокот излезе и со изјава на социјалните медиуми. Остварив средба ис о голем број европратеници, Звер, Ковачев и други. Генерално дискутиравме за случувањата во Република Македонија, за изгубената правна држава, за невладеењето на правото во Република Македонија, зглемениот криминал. Ја пренесов нашата загриженост, но и на граѓаните. Луѓето имаа можност да слушнат поинаква проказна од розовата приказна што им ја пласира власта. Имаа можност да слушнат за вистината, а ја пренесов и нашата загриженост дека очекуваме Зоран Заев да ги украде претседателските избори како што тоа го направи со референдумот и локалните избори, рече Мицкоски, кој беше гостин во вестите на ТВ Алфа.
Мицкоски се осврна и за сомнежот дека изборите во Република Македонија нема да се одвиваат по демократски и фер пат.
Имаме најмалку четири причини зошто не би очекувале фер претседателски изборен циклус додека тој во меѓувреме не се промени, се разбира. Прво затоа што за време на референдумот имавме во некои изборни места на секои 2,4 секунди и покрај евидентните докази што ВМРО-ДПМНЕ ги достави до Обвинителството, ние до ден денеска немаме правна разврска на сето тоа кое што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во Обвинителството. Нема ни кривична, ниту пак знаеме дали е отпочната било каква истрага, било каква постапка. Имаме на изборни места каде што во 4-5 изборни циклуси наназад излезноста не била над 50%, сега имаме излезеност од фантастични 98%. И ако навистина тоа е не е некаква индиција за некакво полнење на кутии, некакви нерегуларности за време на референдумското изјаснување навистина што би можело да биде, рече тој.
Втората причина за Мицкоски е тоа што очигледно Зоран Заев бега од предвремени парламентарни избори.
А бега затоа што предвремените парламентарни избори како и редовни парламентарни избори според законите во Република Македонија подразбираат формирање на техничка влада. И таа техничка влада каков таков гарант за реализирање на фер избори.
Третата и четвртата причина Мицкоски ги образложи со прекумерните неконтролирани вработувања.
Тоа претатавува индиција за вдомување партиски послушници и војници во јавните институции, во локалните институции, рече тој, што за него претставува несомнено обид за купување и манипулирање со граѓаните за време на претседателските избори.
Сумирано, констатира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, конфузијата во СДСМ загрижува и претставува уште една причина да се јави сомнеж кај опозицијата дека се можни фер избори.
Последната изјава на Заев, во која рече дека бил премлад за претседател. Дали тоа значи дека е премлад и Оливер Спасовски, кој е две години помлад од Заев? Дали со таа несреќна изјава Зоран Заев го елиминира Спасовски од трката за претседател или пак овие две години постари од Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, се навистина во зрели години и вистинска возраст за да бидат претседателски кандидати? Внатрепартиските превирања, битки, оној Версај кој се случува во СДСМ ги прави сè понервозни, а нам, пак, тоа ни дава основано сомневање да веруваме дека во тоа бунило ќе предизвика лошо организирани претседателски избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.