Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ги повикува Македонците од Албанија во недела, кога се одржуваат парламентарните избори во таа земја да гласаат за македонскиот кандидат за пратеник Панди Јани.

На изборите, Македонците што живеат во Албанија имаат можност да одлучат за својата иднина, смета Мицкоски.

Ги повикувам масовно да излезат на гласање и да направат избор за подобра иднина, за економски просперитет и почитување на националните права на Македонците.

Браќа и сестри Македонци, на овие избори, партијата ЛСИ на Моника Круеманди за изборната единица во регионот Корча на својата листа го има Панди Јани од Пустец како кандидат за пратеник. Убеден сум дека Панди Јани, кој е млад и перспективен политичар со добра иднина, најдобро ќе ги застапува интересите на Македонците во Албанија. Панди Јани е одличен избор за сите Македонци, бидејќи партијата ЛСИ со својата програма, но и со делата што ги покажа во минатото за македонската заедница е најдобриот избор. ЛСИ и нејзините први луѓе секогаш се залагале за Македонците, затоа ги повикувам на овие избори да гласаат за ЛСИ во изборната единица во регионот на Корча! За подобра иднина и плодна соработка меѓу Македонија и Албанија, вели Мицкоски.

Во Албанија во недела се одржуваат парламентарни избори. На изборите, Македонците што живеат во Албанија имаат можност…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, 22 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.