Во гостување на дебатната емисија „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна на моменталната политичка ситуација во земјата, лошите владини политики и мерки во однос на здравствената криза, како и на чекорите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе во наредниот период.

Мицкоски потенцира дека е јасна намерата на Владата во однос на пописот, бидејќи целиот процес наместо да биде статистички, е повеќе политички. Мицкоски истакна дека пописот не е ни малку потребен во овој момент, затоа што Македонија секојдневно се соочува со животни загуби, а власта сака да спроведе попис и здравјето на граѓаните да биде ставено на ризик.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека доколку попишувачите не се вакцинирани, тогаш процесот е навистина високо ризичен и не треба да биде прифатен.

Голем број семејства поминаа низ пеколни денови поради коронавирусот и токму затоа граѓаните треба да бидат трезвени и да размислат дали треба да отворат или не. Повеќе од се ми се гади моментот на имплементирање политика во пописот. Пописот треба да биде статистичка операција која што ќе помогне при градењето на општеството, а не политичка операција која ќе ги задоволи апетитите на одредени лидери. Зарем е поважен пописот од здравјето на граѓаните Властите се закануваат со казни и притисоци, но јас јавно кажувам дека граѓаните нема потреба да стравуваат, казни не смее да има – истакна Мицкоски.

Тој порача дека власта може да се обидува да си поигрува со проценти и попишувачки листови, но никако не смее да поигрува со човечките животи.

Покрај немањето емпатија во однос на здравствената ситуација, власта меша политика во пописот и наместо да зборува за реални потреби околу пописот, дискутираат за знамиња на туѓи држави – заврши Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.