Новото парламентарно мнозинство значи со сигурност една работа, дека оваа влада на Зоран Заев која е извор на сите проблеми паѓа. Со тоа паѓаат и поразите, паѓа едно неславно време на лош живот и измами. Тоа значи дека во периодот што следи ќе се обидам, повторувам ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи само доколку бидам сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет, влада со силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и промените кои следат – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Тој смета дека доколку не формира влада со сериозен кредибилитет, ќе се оди на предвремени парламентарни избори.
Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам полна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, коишто се клучниот проблем во нашата држава, понатаму полна ефикасност на владата, тогаш она што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори, за да народот на Македонија одлучи за новата иднина.
Мицкоски смета дека власта во заминување е во паника.
Сакаат да не опишат како „анти – ова или анти-она“, истите тие кои 5 години, 52 месеци владеат со конфликти, не одалечуваат од ЕУ само со една цел, да го бранат криминалот и своите политички кариери кои безмилосно ги уживаат на грбот на народот. Мојата порака до народот на Македонија е – Не им верувајте. Ниту им е за ЕУ кон која не не поместија ниту милиметар, ниту за државата која ја упропастуваат, туку за криминалните тендери кои нема да ги имаат повеќе. Тоа се нивните последни обиди да ги зачуваат фотелјите. Зaшто добро знаат дека единствено нешто за што ВМРО-ДПМНЕ и овој нов блок е анти, односно против, тоа e против криминалот и корупцијата. Не е време за триумфализам, време е за решавање на напластени проблеми. Не чекаат сериозни предизвици. Државата треба да се справува со енергетската криза, мора да се заштити стандардот на граѓаните и да се бориме против инфлацијата. Ќе направиме реформи во економијата. На бизнисот му треба поддршка, а на народот повеќе пари. Ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, Ковид заразата е најголемата закана по животот на луѓето. Вредностите на ЕУ да ги направиме наши вредности – смета Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.