Фокусирани сме на претстојните локални избори, па затоа уште сега ги повикуваме сите опозициски партии да се приклучат во опозицискиот блок што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, истакна лидерот на најголемата опозициска партија во земјава, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите.
Тој истакна дека дел од политичките партии веќе ја прифатиле понудата и дека само две до три партии сè уште не донеле конечна одлука дали да се приклучат на опозицискиот блок.
– Ние сме отворени за разговор со сите политички партии, вклучувајќи ги Левица, Единствена Македонија, Алијанса за Албанците, па дури и БЕСА. Засега не можам да откријам кои политички субјекти ја прифатија нашата понуда да се приклучат во опозицискиот блок. Во втората половина на јуни или во првата половина на јули ќе ја имаме контурата на тој опозициски блок – истакна Мицкоски.
На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ има одлучено со кои кандидати за градоначалници ќе настапи на локалните избори, Мицкоски одговори дека сè уште нема конкретни имиња, но дека името на скопскиот кандидат за градоначалник ќе се дознае последно.
– Кандидатот или кандидатката за градоначалник на Скопје ќе го откриеме во септември, а имињата на кандидатите за градоначалници на другите општини ќе почнеме да ги соопштуваме во текот на месецов – рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.