Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната дебата на телевизијата 24, истакна дека Европската унија ги затворила границите затоа што власта е некадарна за да се справи со кризата.
Европа ги затвори границите за нас, затоа што сме некадарни, некомпетентни и лошо се справивме со кризата, затоа ова е уште една невистина кажана од господинот Зоран Заев, вели Мицкоски.
Мицкоски рече дека кризата ќе трае, но троцифрената цифра на заразени луѓе значи дека власта не се справува со кризата.
Ние живот треба да им дадеме на граѓаните, чуму им се институциите на граѓаните кога основното човеково право им го одземаме, ние живот треба да им дадеме, здравје и можности за да напредуваат, што ќе имс е институции кога утре тие луѓе ќе го загубат својот живот или ќе имаат последици од оваа зараза, посочи Мицкоски.
Мицкоски одречно вели дека ако сака Заев може да се помири со коронавирусот, тој не сака и нема да се помири со тоа кризата да трае со 150 случаи и 12 починати на ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.