Ве повикуваме, со една минута молчење, да испратиме гласна порака и громогласен крик, за ова фијаско, дебакл и смрт, кои наместо живот, ни ги донесе оваа власт.

Денес молчиме:
⁃ за 3600 души;
⁃ за сите оние кои засекогаш замолчија;
⁃ за 33 семејства кои го подготвуваат погребот на своите најмили;
Ќе молчиме:
⁃ затоа што се многу;
⁃ затоа што во собранието ниту еднаш немало минута молчење;
⁃ затоа што болката е преголема;
⁃ затоа што нема да се навикнеме дека ова е нормално;
⁃ затоа што на секои 40 минути, имаме еден мртов човек;
Ќе молчиме една минута затоа што во Македонија толку луѓе не умреле од Втората Светска Војна.
Нека тишината пара уши:
⁃ затоа што Македонија умира;
⁃ нашите сограѓани се на респиратори;
⁃ нивните блиски седат по ходниците;
⁃ затоа што нашите родители, баби и дедовци, година дена не излегле од дома;
Една минута молчење…, напиша на својот фејсбук профил Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.