Деновиве сме сведоци на жестока пропаганда насочена против лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од медиумите под контрола на СДСМ, пишува во својата колумна за „Нетпрес“ новинарот Дејан Николовски, според кого целта на оваа хајка е јасна.
Што повеќе да се удри по лидерот на опозицијата, бидејќи неговиот рејтинг и популарноста е многу заканувачка и опасна за СДСМ. Во неможноста да ја подобрат својата позиција на јавната сцена, удираат по противникот, со цел што е можно повеќе да ја урнисаат неговата позиција. И тука мора да се признае дека СДСМ е во огромна предност, бидејќи контролира огромен дел од медиумите во Македонија, пишува Николовски.
Додава дека последен пример во оваа епизода е случајот со ГА-МА.
Во таа војна пратениците на ВМРО ДПМНЕ успејаа да победат во една битка. Сепак силата си го направи своето. И веднаш по „средувањето“ на работите во Собранието, како по наредба се јави Телма, чедото на Макпетрол во медиумскиот сектор. Веднаш со анкета, како СДСМ и Заев се најдобри, најубави, најспособни, најомилени меѓу луѓето… Арно ама, за дил од 33 милиони евра, многу некако неблагопријатни, и тоа за СДСМ, испаднале резултатите од анкетата. Не ќе да е работава дека нивните политички миленици се најдобри, најубави, најспособни, најомилени меѓу луѓето.
Од друга страна, во така пласираните информации јавноста им поверува исто како што поверува во онаа медиумска нарачка што ја лиферуваа дека Мицкоски е главниот извор на лажни вести во Македонија. Колку треба една личност да не држи до себе за да напише таква колосална глупост? Колку ли нè мислат дека сме малоумни, неинформирани, слепи и глуви?
Па, мислам дека и оние децана по семафори балони што продаваат знаат дека главниот извор на лажни вести во Македонија е Зоран Заев и СДСМ, пишува Николовски.
Целата колумна тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.