Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека би можело да се најде начин за соработка со опозициската Алијанса за Албанците ако главна цел за двете партии биде промена на власта во државата. На коментарот на новинарот – дали би можело истовремено да се зборува и за соработка со Алијанса и за поддршка за 27 април, Мицкоски вели:

„Ако крупната слика е дека ова влада води погрешни политики и дека треба да замине, треба да се обединиме околу тој столб. Понатаму, може да седнеме и да разговараме за многу детали коишто мене ми пречат и коишто ним им пречат…Не смееме да дозволиме ни минута повеќе, ова дуо да остане таму каде што е затоа што тие луѓе ја водат погрешно државата и за Македонци и за Албанци и за Турци, за Срби….за сите останати етнички заедници“, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.