Во Прилеп, на пат за настанот каде се промовираат политики на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доживеа сообраќајна незгода, откако непознато возило удрило странично во возилото во кое се превезувал Мицкоски.
Причинета е помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката, освен помал потрес причинет од ударот на двете возила.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека претседателот Мицкоски се чуствува добро и веднаш по незгодата се обрати на настанот пред прилепчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.