Додека Заев е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потсетувајќи дека требаше да „блескаме“, а сме рекордени по сиромаштија, смртост, најнесреќен народ, хибриден режим.

Македонија со Заев е земја рекордер, но какви рекорди се рушат?
-Македонија 5-та во светот по смртност од коронавирус, стои во анализата на France Presse (AFP);
– Македонија е 3-та најсиромашна земја на европскиот континент според статистиката на ЕУРОСТАТ;
-Македонија е држава со хибриден режим според Freedom House на дното во Европа по демократија;
-Македонија е прогласена за најнесреќна земја во Светот според агенцијата Галуп;
А требаше да блескаме, да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија… со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.