Благодарност на фондацијата “Конрад Аденауер”, на Дорис Пак, претседателката на Унија на жени на Европската Народна Партија, што ја имаме оваа можност во овие два дена заедно да поразговараме околу можните политики кои што во иднина Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ би било добро да ги имплементира во делокругот на своето работење.
Ова искуство за нас е многу значајно бидејќи на овој начин и организаторите на овој настан можат да научат и нешто за нашиот менталитет, за нашиот сентимент, за она што сме ние- напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Секогаш е добро кога можете да се претставите во она светло кое што можеби луѓето немале можност претходно да ве гледаат. Затоа овие настани се исклучително значајни за сите нас, за сите вас кои што сте овде. Покрај тоа што учите, покрај тоа што учиме да имаме и можност да се претставиме во подобро светло пред луѓето кои што се денеска со нас, а не се од Македонија – нагласува Мицкоски.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.