Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го осудува насилството од 27 април, но и чинот кој го предизвика тоа насилство.

Насилството кое се случи на 27 април го осудувам, но исто така го осудувам и чинот кој го предизвика тоа насилство. Исто така го осудувам и чинот на преку два века казна за луѓе кои не примениле насилство тој ден. Од друга страна да имате повратници од боиштата во Сирија, припадници на ИСИС да добијат трипати помала казна од Горан Ангелов, Ченто, Митко Чавков, Митко Пешев и останатите. Ние имаме луѓе кои добија 18 години казна, а не примениле сила, а од друга страна повратници од Сирија, припадници на исламската држава со трипати помала казна, изјави Мицкоски вечерва во тв-дуелот со Зоран Заев, лидерот на СДСМ.

Мицкоски го праша Заев кога тој ќе му се извини кога тој и неговото семејство добивале закани по живот од групата која во моментов е во затвор за настаните од Диво Насеље.

Јас од Вас до денес не слушнав осуда за тоа – му рече Мицкоски на Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.