Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пред присутните граѓани на митингот во Виница, ја искоментира и вчерашната изјавата на актуелнит премиер Зоран Заев дека ќе се сликале селфи кога Мицкоски ќе се откажел од Никола Груевски. Тој побара прво Заев да ги врати 8.5 милиони евра од Глобал, а потоа и оние едно евро за Вицето едно евро за црквата што ги бараше на видео снимката, па дури тогаш ќе се слика со него, а се до тогаш ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас.
Вчера го гледам Зоран Заев заедно со оној негов деспотски избран кандидат Стево Пендаровски, во полупразната сала Борис Трајковски како вели еве да не сум се грижел и со мене ќе направел селфи. Еве ќе ја искористам оваа прилика овде во Зрновци пред вас, пред овие домаќини, пред овие дечиња, пред овие домаќинки, пред овие вредни луѓе, честит луѓе да му одговорам на неговата нечестита понуда. Нема проблем ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8 ипол милиони евра од Глобал што ги украде заедно со Вице, а потоа ќе му кажеш на Вице сите оние евро за евро што ги зема за него и за црквата да ги врати назад кај граѓаните, па дури потоа јас и ти господине Зоран Заев ќе правиме селфи, а дотогаш ќе мора на телефонот да му се радуваш на селфито со Алексис Ципрас, кажа Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ се во Виница, каде пред граѓаните се претставува кандидатот за претседател на Македонија, поддржан од оваа партија, Гордана Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.