На 1 април ти го соопштија тоа што им го нареди, но подготви се да се соочиш со законот кога ќе дојде денот за сиот криминал и за сево ова што ѝ го направи на Македонија, му се обрати Мицкоски на премиерот Заев од Охрид.

Принцот на политичките лаги Заев изгради кариера со криминал, лаги и корупција, со злоупотреба на човечки судбини, и со трговија со свети работи. Но секоја негова лага се распрсна како меур од сапуница. Како само злоупотребуваше човечки трагедии, велеше дека ќе ја каже вистината за Никола Младенов, мистифицираше, се плеткаше, даваше лажни надежи. Се виде дека нема ништо од тоа.

Сигурен сум дека нема прашано како живее и колку тешко опстојува семејството на Мартин Нешкоски? А на тој случај кариера градеше и стана премиер со овој случај. А и прашал ли како живее семејството на младиот Мартин Јанушев, на малиот Саздо. За него не беше тешко и да ги лаже родителите на децата убиено кај Смилковското Езеро. И сево воа за пусти пари. И ова е само еден дел. Сакам да потенцирам колку и злоупотреби прави човекот кој сега е премиер, рече во првиот говор во изборната кампања претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, која партијата ја започнува од Охрид.

Тој ги потсети охриѓани за каков човек се работи и кој е човекот кој наместо да нè води напред, нè турка сè подолу и подолу и ни нанесува колективен срам каков што не се памети.

Нема да заборавиме дека неговиот печат е дека е аболиран премиер, и дека лично тој седи зад исторската неправда за промена на името и идентитетот. Со тоа ќе живее целиот свој живот, да се гледа во огледало и така да заспива и така да се буди. Жално за него, а болно за Македонија и а сите нас. Тој е човек кој не сака да изусти дека живеат Македонци во Северна Грција, зборуваат на македонски јазик и се веселат на македоснки ора и пеат македонски традиционални песни. Светот не памети ваков колективен срам како што Заев и приреди на државата и тоа го направи преку газење на волјата на граѓаните изразена преку неуспешниот референдум на 30 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.