Но еве ќе ви дадам еден пример, јас ќе се присетам на една прес конференција кога г. Зоран Заев во Владата велеше во оваа држава еден е Бошко Буха, алудирајќи притоа на себе“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебата со Зоран Заев на МРТ телевизија.
Мицкоски го повика обвинителот да го повика Зоран Заев да се види дали е тој Бошко Буха кој што ги објавува овие нелегално стекнати материјали.
Бидејќи таму имаме материјали во кои што се вклучени актуелни политичари кои што имаат генеза од она време кое што г. Зоран Заев го зборуваше со папките, со кривичните пријави. Така што еве го повикувам Јавниот обвинител да го повика г. Зоран Заев да видиме дали е тој Бошко Буха“, нагласи Мицкоски.
Јас реков дека г. Зоран Заев сам се прогласи за Бошко Буха, и тој треба да даде одговор на тоа прашање. Јас навистина кое е потеклото и од каде потекнуваат овие материјали“, додаде Мицкоски во дебатата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.