Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија кажа дека СДСМ настапува со стар слоган на ВМРО-ДПМНЕ од изборите 2009, заедно можеме повеќе.
-Ако некој ја украл рекламата и насловот на кампањата тоа етокму СДСМ бидејќи ВМРО-ДПМНЕ уште во 2009 година на тие локални избори беше заедно можеме повеќе и ако некој ја украл тоа сте вие.Еве јас знам колкави средства одвојувате за кампања и потпретседател го стаивте човекот но и други кои што ги номинирате надвор од структурите и навистина жалам што сте ги потрошиле тие средства бидејќи овој наслов е веќе потрошен уште во 2009 година од страна на ВМРО ДПМНЕ-нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде и дека Зоран Заев и СДСМ се заглавени во минатотои дека не можат ништо да понудат во иднина.
Вие не можете да нудите иднина господине Зоран Заев сеуште сте заглавени во минатото и ви тежи господинот Груевски, три години потоа еве последните 30 тина месеци претседател на ВМРО -ДПМНЕ сум јас и разговарате со мене и може да зборувате сега за тоа како можете да бидете конструктивна опозиција после 15 јули за заеднички да ја предводиме Македонија да биде дел од Европската Унија-заклучи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.