Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во општина Илинден пред граѓаните, упати јавна порака до Заев дека не се сите исти.
Мицкоски истакна дека тој е професор, додека Заев е обичен продавач на лажните надежи на македонските интереси.
Престанете со глупостите на Заев дека сите сме исти, јас не сум ист како Заев. Јас сум професор, не сум човек полн со криминал, предавства и срам коишто Заев ги направи изминатите 4-5 години во Македонија и изминатите 15-16 години во Струмица. Вие, Зоран Заев сте обичен продавач на лажни надежи на нашите македонски интереси. Не сте економист, туку сте шиткач на нашите интереси – потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.