На вечерашниот тв дуел на МТВ1 меѓу лидерите на двете најголеми политички партии, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потсети на аферата “Рекет” која ја разбранува јавноста по тврдењата на осудениот Бојан Јовановски за тоа каде завршило куферчето со рекетираните пари.
Зоран Заев на неколку пати тврди дека бизнисменот Јордан Камчев ја финансирал ВМРО-ДПМНЕ за изборната кампања и дека огромна сума пари е префрлена на сметката на партијата. Мицкоски пак вели дека таквите релации не постојат, иако партијата може да ја финансира секој кој сака.
Не знам зошто ме поврзувате со Јордан Камчев и упорно тврдите дека имам близок однос. Се плашам дека ќе се изненадите доколку се испостави дека некој друг е навистина многу близок со него и соработниците- заврши Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.