Доаѓа период кога сите ние мора да се избориме заеднички неуспехот и лошите патеки по кој е тргната нашата земја да ги претвориме во успех, да ги залечиме раните и да тргниме кон градење на иднина. Има многу што треба и мора да се направи. Заедно ќе се избориме, а часот кога тоа ќе го направиме се предвремени избори. Јас не верувам толку во нарачани анкети, јас верувам во народот на мојата земја. А ако толку се сигурни овие од власта и толку многу блескале тогаш ајде на избори, па народот да одлучи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на свечениот настан што го организира ВМРО-ДПМНЕ по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Тој додаде дека Гази Баба не е само секогаш меѓу првите кога Македонија е во прашање, туку таа секогаш е вистински прва, со непокрност и преданост кон нашите идеи и кауза.

Знам дека така ќе биде и сега. И ви благодарам за секоја ваша поддршка и преданост. Гази Баба исто така ја има мојата поддршка и ви кажувам дека сметам на вас во оваа наша заедничка борба. Ќе продолжиме да бориме за секој еден човек, и за оние се по затворите а се невини таму. Мора да има правда, а и ќе има обнова. Ова јас ви го ветувам, рече Мицкоски.

Тој додаде:

Нашата победа ќе значи обнова на Македонија. Обнова со нудење на решенија, предлози и работа. Обнова која ќе значи и нов систем на вредности и принципи. За да се случи ова ќе ги слушнеме граѓаните, ќе ги чуеме што е тоа што највеќе ги интересира, тоа што највеќе ги мачи и заедно ќе дојдеме до решенија. Ќе понудиме план за тоа како да успееме, а мојата визија е визија за силна Македонија, за земја каде функционираат законите и правдата.

 

Каде младите имаат иднина. Треба да се избориме за нашата Македонија. А Македонија е нашето се, нашето минато и иднина. Честит роденден Македонијо! Честит роденден татковино. Ова е нашето име по кое се препознаваме и на кое наште срца чукаат најсилно. Да си ни вечна и силна. Да сте живи и здрави!, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.