Коментарите на социјалните мрежи за денешното гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со новинарот Сашо Ордановски на 1ТВ, се дека однесувањето на новинарот е невкусно и во најмала рака непрофесионално поради начинот на кој што тој ја води емисијата.

Сепак Мицкоски со ироничен коментар забележа дека ниту ваквиот начин на водење на емисијата од страна на новинарот не му пречи, бидејќи одлично ги застапува тезите на Зоран Заев, а притоа Мицкоски нема можност да дебатира со Заев поради неговото одбивање да прифати дебата.

Убаво е кога вие повторно ќе го интерпретирате Заев, а јас кога ќе можам да дебатирам со вас, бидејќи со него немав можност да дебатирам. Супер и ова е симпатично – вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.