Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се обрати на новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“, порачувајќи им – немојте да го разочарате народот!
Заборавете на привилегиите кои ги носи функцијата, засукајте ги ракавите и од утре на работа! Вашите фотелји заменете ги со излегување на терен, работа со граѓаните и носење решенија на нивните проблеми. Заборавете на матни тендери и договори во четири очи. Никогаш не заборавајте од каде доаѓаме!
Јас ќе бидам вашиот најдобар пријател, но и најостриот критичар.
Овој народ заслужи и мора да види разлика и резулати. Тие луѓе мора да знаат дека стојам зад секој мој збор.
Имаме многу работа пред нас и резулатати да испорачаме. Не смееме да изневериме. Ова е огромна доверба и мора да знаеме да ја почитуваме.
Одиме до конечна победа и нова иднина!, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.