Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во Кратово му упати неколку прашања на „младото момче кое честопати држи прес-конференции пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ“.
Прашуваат за армијата. Еве јас ќе го прашам тоа младо момче дали знае што е утринска смотра, дали знае тоа младо момче што е пожарство, дали знае тоа младо момче што е стража на минус 20 степени во пола метар снег. Ако не знае, можеби ќе има можност да го праша својот идол Зоран Заев, но сигурно ни Зоран Заев нема да му даде одговор, затоа што кога требаше да се отчести кон народот и државата, извади лажна медицинска белешка само за да го избегне служењето на воениот рок, рече Мицкоски и додаде дека тоа не им било пречка да ја обесчестат АРМ, да ја обесчестат гардата.
Јас бев во првата гардиска чета на македонската гарда и секогаш, без исклучок, кога доаѓале странски дрѓавници и кога сме ги испраќале или пречекувале нашите државници, беше интонирана и со гордост, со крената глава слушана македонската химна. Но, овие денеска што поставуваат прашања, ќе треба еден ден да одговорат зошто се срамеа да слушаат дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“. Зошто не ја построија македонската гарда, зошто не го построија воениот оркестар да ја интоира македонската химна, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.