Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се сретна со германската амбасадорка во земјава Енке Холштајн, на која разговарале за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.
Мицкоски, како што соопшти Центарот за комункации на партијата, посочил дека врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија, прави напори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата.
Мицкоски на средбата истакнал дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија.
Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата, посочил Мицкоски на средбата.
Според Мицкоски, изборите не можат да се оценат за фер и демократски, бидејќи, како што истакнал, власта спровела низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласање со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите, а државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.